Дејвид и Викторија Бекам слават 23 ГОДИНИ БРАК, парот се огласи на Инстаграм (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дејвид и Викторија Бекам, иако имаа свои несогласувања, денес важат за еден од најхармоничните парови на светскиот џет-сет. Се запознале кога и двајцата веќе имале светска слава, тој во Манчестер Јунајтед, а таа во групата „Спајс грлс“, а иницијатор за нивното запознавање наводно била Викторија која доаѓала на неговите натпревари.

Бидејќи не направил ништо, Викторија Адамс наводно после една од натпреварите рекла:

– Ако не ми се јавиш, следниот пат кога ќе те видам ќе те удрам на незгодно место.

Потоа, тие излегле на вечера во кинески ресторан во северните предградија на Лондон. Набрзо се вљубиле. Дејвид ја запросил во хотелот Рукри Хол.

Таблоидите пишуваа како тој потклекнал и ја изневерил со неговата лична асистентка Ребека Лус, но Викторија надминала се, имајќи голема желба да го спаси бракот.

Парот денес слави 23 години брак, па по тој повод се огласија преку социјалните мрежи:

– Велат дека не е забавен, велат дека никогаш не се смеам, велеа дека нема да издржиме. Денес славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето се, многу те сакам – напиша Викторија со заедничка фотографија, а се огласи и Дејвид на својот Инстаграм профил.

– Пред 23 години Пош стана госпоѓа Бекам, но таа секогаш ќе биде Пош. Среќна годишнина! Леле 23 години и 4 прекрасни деца. Те сакам, сите те сакаме – напиша Дејвид.

Слични содржини