Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Брегзит и напуштањето на ЕУ претставува „ставање бомба“ под економијата на Велика Британија.еу брит

Камерон ги обвини антиевропските активисти од неговата Козервативна партија кои водат кампања за излез на Британија од ЕУ, дека се „непромислени и безобзирни“ кога станува збор за економските последици, што ќе настанат при евентуалното напуштање на Унијата.

Британскиот премиер кој патува низ земјата во рамките на кампањата за останување во ЕУ, првпат беше на заеднички собир со своите главни политички противници- Хариет Харман од Лабуристичката партија, Тим Фарон лидер на партијата на либералдемократите и Натали Бекет, лидер на „Зелените“.

На овој собир, за лабуристите требаше да настапи лидерот Џереми Корбин, но овој левичарски политичар одби да биде во заедничка кампања со Камерон, иако е против тоа Велика Британија да излезе од ЕУ.

Харман, која е поранешен заменик лидер на Лабуристичката партија изјави дека не треба да се обвинува ЕУ за притисокот ( на мигрантите) врз британското државното здравство (НХС) и за кризата во домувањето, туку владата во Лондон.

Британските лабуристи од почетокот на кризата во односите со ЕУ, за распалената антиевропска хистерија и за покренување на процесот за референдум околу иднината на Британија во Унијата, ги обвинуваат евроскептиците во редовите на ториевците, како и внатрешните кавги во владејачката партија и стравот на конзервативците од Најџел Фараж и неговата антиевропска Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП), дека може да им ги одземе евроскпетичните гласачи во Англија.

Одлуката на Камерон да се појави на собир заедно со своите политички противници е осудена од некои од проконзервативните медиуми, а посебно од антиевропските таблоиди. Тие сметаат дека таквиот потег уште повеќе ќе ги продлабочи судирите во редовите на конзервативците

Слични содржини