Дејвис ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс или Њујорк Никс

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис ја ограничи листата со тимови, со кои би се врзалво долг рок. Организациите кои Дејвис ги претпочита како идни дестинации во кариерата се Лос Анџелес Лејкерс и Њу Јорк Никс. Тешкото крило даде до знаење дека сака да ги напушти Пеликанс, а за време на сезоната, освен Лејкерс и Никс, тој ги посочи и Клиперс и Милвоки како претпочитани од него дестинации.

„The Athletic“ истакнува дека до денес најголем интерес за услугите на Дејвис има токму од Лејкерс и Никс, како и од тимовите на Бруклин Нетс, Л.А. Клиперс и Бостон Стелтикс. Лидерот на „пеликаните“ ќе биде слободен агент во текот на летото на 2020 година, но раководството на клубот веќе работи на можности за зделка уште ова лето, откако стана јасно дека организацијата од државата Луизијана ќе има избор бр.1 на Драфтот и се очекува да го избере Зајон Вилијамсон од Дјук.

„ESPN“, пак, пишува дека извршниот потпретседател на Њу Орлеанс, Дејвид Грифин бара договор за опција кој ќе вклучува неколку тимови. Желбата на тимот е до трансфер да се стигне пред Драфтот, кој ќе се одржи на 20-ти јуни. Освен Лејкерс и Никс, Лос Анџелес Клиперс исто така може да биде вклучен во ова сценарио.

26-годишниот Дејвис ја испрати сезоната 2018/2019 со просечни индикатори од 25.9 поени, 12.0 скока, 3.9 асистенции, 2.4 блока и 1,6 одземени топки.

Слични содржини