Дејвис потпиша со Лејкерс до 2025 година за 190 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

По Леброн Џејмс, кој вчера го продолжи договорот со Лејкерс до 2023 година за неверојатни 85 милиони долари, Ентони Дејвис исто така реши да се поврзе со клубот од Лос Анџелес.

Дејвис ја прифатил понудата да потпише договор до 2025 година за 190 милиони долари, пренесе ESPN.

Дејвис е слободен агент, а наскоро се очекува и официјално да го потпише договорот.

Дејвис (27) дојде во Лејкерс да му се приклучи на Леброн, тие заедно ја постигнаа целта, а клубот од Л.А. остана без можност да бира на Драфт во следните шест сезони.

Затоа челниците на клубот се решени да го задржат што е можно подолго.

Дејвис минатата сезона имаше 26,1 поен, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар.

Слични содржини