Дел Боске: Нејмар? Фолирант…

од Stefanija Kuzmanovska

Висенте дел Боске, поранешен тренер на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Шпанија, вели дека квалитетот на играњето на Нејмар е непобитен, но Бразилецот има многу лоши особини.

„Нејмар е тежок за тренирање. Што се однесува до мене, тој не е добар пример за фудбалер. Нека остане забележанодека го сметам за добар играч. Ако ме прашувате да го рангирам, сигурно емеѓу петте најдобри во светот но…На теренот се обидува да мами, многу глуми. Уште кога се знае како ја напушти Барселона … “, истакна Дел Боске во интервју за Мундо Депортиво.

Во 2017 година, Нејмар се пресели од Барса во Пари Сен Жермен со трансфер од 222 милиони евра. Три години подоцна, приказните за враќање во Каталонија се сè почести.

– Клубот треба да одлучи дали да го врати Нејмар или не. Тие не треба да обрнуваат внимание на она што го велат фудбалерите. Ова треба да го реши спортскиот директор и генералниот секретар. Тешко е да се очекува фудбалерите да кажат нешто лошо на некој што им е колега и чие враќање е планирано. Покрај тоа, не можам да размислувам за таков пример“, додаде 69-годишниот Шпанец.

Договорот на бразилскиот напаѓач со парижаните истекува во 2022 година, па интересно ќе се види колку ќе чини неговото потенцијално враќање во Барса.

Несомнено е дека ПСЖ ќе се обиде да ги врати сите инвестирани центи …

Слични содржини