Дел од Скопје утре без вода

од desk4

Според информациите од ЈП “Водовод и канализација” – Скопје, корисниците од населбата Керамидница ќе бидат без водоснабдување утре од 8:00 часот. Прекинот во водоснабдувањето ќе засегне дел од улицата “Киро Глигоров”, од крстосницата со улицата “Перо Наков” до мостот “Близнаци”, и дел од улицата “Перо Наков” до Металски завод Тито. Причината за прекинот е промена на два затворача со пречник од 500 милиметри на крстосницата помеѓу улиците “Киро Глигоров” и “Перо Наков”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до санирањето на дефектот. Во меѓувреме, ЈП “Водовод и канализација” ќе обезбеди цистерна со питка вода која ќе биде стационирана во паркингот на “Бриколаж” за потребите на жителите во оваа област.

Слични содржини