Делегации од Кабинетот на Пендаровски положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

од Vladimir Zorba

По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, делегации од Кабинетот на шефот на државата денеска положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Цвеќе беше положено и на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица.

Слични содржини