Делегација на СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на споменикот кај Карпалак

од Nikola Popovski

Делегација на СДСМ предводена од претседателот на ОО СДСМ Тетово, Живе Алексовски, денеска, на 21 годишнината загинувањето на десеттемина армиски резервисти, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот во месноста Карпалак.

Денеска со достојни државни почести годинава се одбележуваат 21 година од загинувањето на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата, кој од заседа беше нападнат во оружениот конфликт во 2001 година.

Чествувањето на годишнината од загинувањето на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Северна Македонија, беше положенo цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“, информираат од владината прес-служба.

Слични содржини