Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

од Nikola Popovski

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Претходно и делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, во придружба на советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, во касарната „Илинден” и во село Љубанци оддаде почит и положи цвеќе на спомен обележјата.

Слични содржини