Делков: 10.000 денари за пожарникарите од ТППЕ Неготино

од Vladimir Zorba

Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10.000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино кои со возила и екипи учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Република Северна Македонија.

Паричните награди им се доделуваат заради нивното вонредно ангажирање во гаснењето на пожарите, односно заради нивната огромна пожртвуваност да им помогнат на сите граѓани чии места беа зафатени од огнените стихии, соопшти Градоначалникот Тони Делков.

Слични содржини