Делови од Боинг 777 паѓаа над Денвер, објавена снимка од моторот кој гори (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американските регулатори вчера најавија дополнителни инспекции на авионите „Боинг 777“ кои користат ист тип на мотор кој поради дефект предизвика отпаѓање на делови од авионот над Денвер претходниот ден, а Јапонија ја прекина нивната употреба додека размислува какви мерки треба да се преземат.

Федералната управа за воздухопловство (ФАА) објави дека ќе издаде итна директива со која се наредуваат засилени прегледи на авионите „Боинг 777“ со мотори Прат & Витни 4000.

Регулаторните потези кои ги вклучуваат моторите Прат & Витни 4000 следеа откако „Боинг 777“ на Јунајтед Ерлајнс безбедно слета на меѓународниот аеродром во Денвер во саботата откако му откажа десниот мотор.

Сликите објавени од полицијата во Брумфилд, Колорадо, покажаа остатоци од авион, разни остатоци од мотор на земјата и тревниците, а видеата покажуваат како гори моторот, авионот е обвиткан во црн чад и слично.

Компанијата „Боинг“ во неделата објави дека им препорачува на авиокомпаниите да ја суспендираат работата на 69 Боинг 777 во употреба и 59 складирани додека Федералната управа за авијација (ФАА) не воспостави соодветен протокол за инспекција.

„Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека доброволно и привремено ќе ги отстрани од распоредот своите 24 активни авиони од тој тип.

Слични содржини