Демант од МВР: Апасиев ги лаже граѓаните

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. Според нив, Апасиев повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста.

-Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна. Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција. Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните, велат од полицијата.

Лидерот и пратеник на Левица, Апасиев на својот Фејсбук профил објави видео од неправилно паркирано возило марка „Пежо“.

-Само си замишљам наместо Пежово, да беше Алфата!? Може и специјалци да ми викнеа 😉 p.s. Министре Оливер Спасовски. Вака ли сме сите исти пред “уставот и законите”?, стои во статусот на Апасиев.

Слични содржини