„Дембеле е подобар од Мбапе“

од Vladimir Zorba

Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона, изјави дека клубот сака во неговите редови да остане Усман Дембеле, брзиот напаѓач.

„Ние ја дадовме нашата понуда. Мислам дека проблемот тука се агентите во толкувањето на се. Сакаме да му покажеме на Дембеле дека не е се во парите“, изјави Лапорта.

Французинот во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд. За четири сезони одигра само 82 натпревари и постигна 18 гола, најмногу поради големиот број повреди. Лапорта и понатаму верува дека Дембеле го чека голема кариера.

„Го сакам Дембеле. Да бидам јасен. За мене Дембеле е подобар од Мбапе. Тој сака да остане, ние сакаме да остане, се надевам дека се ќе заврши во заеднички интерес“, изјави Лапорта.

Слични содржини