Дембеле го пропушти остатокот од Европското поради повреда

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Барселона и француски репрезентативец Усман Дембеле ќе го пропушти остатокот од ЕП 2020 поради повреда на коленото.

Дембеле на теренот мина само 22 минути во дуелот со Унгарија и го напушти со болна гримаса.

24-годишниот крилен напаѓач на Барселона ќе отсуствува од терените три недели, а тој веќе го напушти таборот на „триколорите“.

Франција во саботата одигра само 1-1 против Унгарија, пред тоа ја совлада Германија со минимален резултат 1-0 и во последното коло ќе се сретне со Португалија, во среда со почеток во 21 часот.

Слични содржини