Дембеле надвор од терените 15 дена поради повреда на глуждот

од desk2

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле ќе отсуствува од фудбалските терени следните петнаесетина дена поради повреда на зглобот, информира прес-службата на клубот.

Фудбалерот се повреди на вчерашниот натпревар од 20. Коло во шпанската Примера против Леганес (3:1). Французинот кој беше сменет во 69.минута, беше стрелец на еден од трите гола на каталонскиот тим.

Дваесет и едногодишниот Дембеле оваа сезона настапи на 27 натпревари за Барселона и постигна 15 гола со пет асистенции.

Слични содржини