Деми Мур и Џон Траволта нов холивудски пар – ги запознал бившиот сопруг Брус Вилис

од Берта Китинска

Двајцата актери кои се познаваат со години наводно се во врска, пишуваат американските шоубиз медиуми. Славните актери Деми Мур и Џон Траволта впловија во романса, а се зборува дека успеал да ги спои нејзиниот бивш сопруг Брус Вилис.

Деми последниве неколку години не криеше дека сака помлади и токму затоа беше во брак со Ештон Кучер. Времето го минуваше во врски со Мартин Хендерсон, Хери Мортон, Џон Фрајдер, а наводно и со Ник Џонас кој е денес во брак.

Изгледа Деми сега решила да се фрли во прегратките на колегата со кого се познава неколку децении, Џон Траволта. Медиумите пренесоа дека двајцата минувале се повеќе време заедно и тоа го тврдела келнерката од ресторан во Флорида каде што последен пат биле видени заедно.

– Седеа на масата во агол кој беше осветлен само со свеќи. Изгледаше многу романтично, цело време се смееја и се држеа за раце – откри келнерката.

Траволта призна неодамна дека е подготвен за нова љубов, а Брус Вилис го охрабрил да и се јави на неговата бивша сопруга. Џон 28 години беше во брак со Кели Питерсон која почина пред една година после двегодишната борба со рак на дојката.

Слични содржини