Деми Мур објави селфи од када

од desk4

И популарните убавици на кои им се восхитуваме секој ден имаат свои тајни за беспрекорна кожа и совршен изглед.

Социјалните медиуми како место на кое се споделуваат информации од нивните професионални и приватни активности, се почесто се и место каде тие објавуваат не само свои совршени туку и фотографиии од најобичните и секојдневни моменти. На овој тренд во изминативе месеци потклекнаа некои од најпознатите дами, меѓу кои и Деми Мур. Имено таа на Инстаграм објави селфи на кое се гледа со маска на лицето додека седи во када. Во описот на фотографијата напиша:

„Неделна нега  заедно со Јованка Орлеанка која ми го чува грбот“

Педесет и шест годишната актерка никогаш не криела дека редовно се грижи за својата кожа, за да ѝ изгледа младешки и свежо во секој миг. Нејзината тајна за убавина се маските кои редовно ги употребува, а имаат навлажнувачки ефект, кој е најсоодветен за нејзината кожа. Друга тајна се непарфимираните креми.

Деми и во ова обично издание ги освои симпатиите на обожавателите кои ја следат на Инстаграм.

View this post on Instagram

Midweek mask with Joan of Arc watching over me ?

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Слични содржини