ДЕМОКРАТИТЕ ГИ ПРЕТСТАВИЈА ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ ТРАМП: Го охрабрил упадот во Капитол, не смее да остане неказнет (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Членовите на Претставничкиот дом кои имаат улога на обвинители во судскиот процес за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп го завршија дводневното презентирање докази.

Адвокатите на Трамп денеска ќе започнат да ги презентираат аргументите на одбраната, а судењето може да заврши до крајот на викендот.

Според Гласот на Америка, презентацијата на доказите заврши со тврдењето дека демонстрантите кои упаднаа на Конгресот на 6 јануари веруваа дека ги следат „наредбите на претседателот“ со цел да се запре официјалното прогласување на победата на демократот Џо Бајден.

Демократите тврдат дека упадот во Капитол е смртоносна кулминација на ширењето лажна и насилна реторика од Трамп, која ќе продолжи да ѝ штети на американската политика доколку остане неказнет.

На третиот ден од судењето, обвинителите исто така ги раскажаа своите лични приказни за стравот и насилството со кои се соочија тој ден и ги презентираа како докази јавноста, експлицитните упатства што Трамп им ги дал на своите приврзаници – и во неколку недели пред нападот на 6 јануари и во говор што го одржа тој ден, по што толпата се упати кон Капитол.

На видеата прикажани во четвртокот, од кои некои бунтовниците сами ги објавија на социјалните мрежи, тие зборуваа за тоа како „го прават сето ова за Трамп“.

Во Белата куќа, претседателот Бајден рече дека верува оти некои мислења може да се сменат откако сенаторите видоа „застрашувачка снимка од безбедносните камери, прикажана во средата, покажувајќи го упадот во Капитол“.

Слични содржини