Демократите официјално објавија обвинувања против Трамп

од Maja Serafimova

Демократите во Претставничкиот дом денеска официјално објавија обвиненија против американскиот претседател Доналд Трамп и нагласија дека за него е утврден предлог за отповикување врз две основи – злоупотреба на службената должност и опструкција на Конгресот.

Претседателот на Одборот за правда, Џерлод Недлер изјави дека Трамп го загрозил Уставот на САД, го поткопал интегритетот на изборите во 2020 година и ја загрозил националната безбедност.

– Никој, дури ни претседателот не е над законот, рече Недлер.

Одборот заправда во Претставничкиот дом ќе гласа за предлогот за отповикување на Трамп најдоцна до четврток, јавија американски медиуми повикувајќи се на добро информирани извори.

Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичментот на Трамп следната недела, а со оглед на тоа што демократите имаат мнозинство, речиси е сигурно дека ќе гласаат за отповикување на американскиот лидер. Тоа би го отворило патот за судење во Сенатот, најверојатно во јануари, каде со двотретинско мнозинство се одлучува дали Трамп треба да биде сменет.

Слични содржини