Демократски сојуз бара да се укине полицискиот час

од Берта Китинска

Демократскиот сојуз во врска со актуелните состојби предизвикани од пандемијата предлага укинување на следните мерки.

Според партијата прво, треба да се укине полицискиот час со што ќе се овозможи на граѓаните да го нормализираат животот, пред се поврзани со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски.

„Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, посебно од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита.

Трето, да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки.

Долготрајните рестриктивни мерки со кои се ограничува движењето го нарушуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните и го намалуваат имунитетот.

Четврто, да се нормализира работата на хотелите, рестораните, кафетериите и другите угостителски објекти, согласно препораките на здравствените власти.

Демократскиот сојуз и натаму ги повикува граѓаните за целосно почитување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на пандемијата предизвикана од Корона вирусот Ковид-19, но апелира до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растеретени од било какво политичко влијание, туку да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и проценки“, велат од партијата.

loading...

Слични содржини