Демонстранти во Љубљана впериле ласер кон полициски хеликоптер, повредено окото на пилотот

од Nikola Popovski

Непознат сторител вперил ласер кон полициски хеликоптер кој во средата го следел протестот против епидемиолошките мерки во Љубљана.

Според „N1 Словенија“, еден од пилотите имал повреда на окото поради тоа и му била укажана лекарска помош.

Петтиот протест против епидемиолошките мерки се одржа во средата во Љубљана. Полицијата соопшти дека собирот не бил пријавен.

Вперување ласер кон хеликоптер е многу опасна за безбедноста, бидејќи зракот на светлината се прекршува на таков начин што може да предизвика повреди на очите на екипажот, што и се случило.

Се уште не е позната сериозноста на повредата на пилотот.

„Извршеното дело е многу опасно и само со голема среќа нема повреда на сите членови на екипажот, што ќе доведе до трагични последици“, се вели во полициското соопштение.

Фото: N1

Слични содржини