Демонстрантите повторно упаднаа во српското Собрание, кршат прозорци

од Vladimir Zorba

Група од десетици демонстранти ја преместија заштитната ограда кон влезот во Националното собрание на Србија, каде се одржува четвртиот протест против режимот на претседателот Александар Вушиќ. После неколку моменти влегоа во собраниската сала.

Вечерва демонстрациите почнуваат да излегуваат од контрола, а група демонстранти влегоа во собранието. Се слушаат пукотници и пиротехнички средства… Српските новинарски екипи велат дека е чудно зошто има мал број на полиција и не реагира.

Истата група демонстранти им се заканува на новинарите и фоторепортерите, а на мета е и телевизискиот тим на Н1.

Слични содржини