Демонстрантите се раскараа меѓу себе: „Кажи кој те плаќа“

од Берта Китинска

На денешниот протест против ковид-мерките демонстрантите се раскараа меѓу себе.

Кога првиот говорник, кој се претстави како поранешен вработен во военото разузнавање, говореше предолго,  останати демонстранти бараа да го отстапи микрофонот.Тој одбиваше, па во еден миг дојде до туркање меѓу него и неговите поддржувачи, од една страна, и жена која сакаше да говори, од друга страна.

Кога втората говорничка дојде до микрофонот и почна да зборува  демонстрантите дофрлуваа  наврдливи зборив ..„Кажи кој те плаќа“, „Иде бегај“ , „Колку ти платија“.

Фото: Принтскрин

Слични содржини