Демонстрантите во Нови Сад го блокираа излезот на автопатот

од Stefanija Kuzmanovska

Жителите на Нови Сад се собраа вечерва околу 18 часот на протест на Плоштадот на слободата. По говорот, демонстрантите се упатија по улицата Јована Суботица кон улицата Темеринска. Кога стигнаа до пресекот со улицата Партизанска, решија да се упатат кон автопатот и да го блокираат, пишува РТВ.

Излезот на автопатот, поточно патот кон Зрењанин, беше блокиран, а полицијата ги спречи демонстрантите да продолжат понатаму.

Демонстрантите претежно носеа маски, засега нема инциденти, нема полиција, освен сообраќајната полиција која го блокираше пресекот низ кој минуваа демонстрантите.

Собраните лица ги повторија истите барања како и вчера – разрешување на Вучиќ, Ребиќ, Лончар, промена на Кризниот штаб, и скандираа против власта и полицијата.

Голем број членови на МУП се присутни на автопатот

Денес, бројот на луѓе е нешто помал отколку на вчерашниот протест, а ги води Миран Погачар, кој денеска беше ослободен од притвор.

Слични содржини