Ден„ Д“ за Меј и високи министри околу Брегзит

од desk4

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе одржи многу важен состанок со членови на владата, кој би можел да ја реши иднината на проблематичниот процес Брегзит и нејзината судбина како премиерка.

Таа ќе се сретне со високи министри, од кои некои наводно се обидуваат да ја отстранат од функцијата, за да одлучат за понуда на серија таканаречени „индикативни гласови“ во обид да го прекинат ќор-сокакот околу планираниот излез на Британија од ЕУ.

Индикативните гласови подоцна денеска треба да им бидат презентирани на пратениците во Долниот дом за да се утврди поддршката за различни опции на Брегзит.

Слични содржини