ДЕН НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА: Проблеми во примена на институционално ниво, на јазикот се уште се гледа како на пречка

од Mimi Spasovska

Во Македонија албанскиот јазик со години е официјален и неговата употреба е дефинирана со Закон, но албанскиот јазик и азбука и натаму се соочуваат со одредени отворени прашања, велат аналитичарите по повод одбележување на 114-годишнината од конгресот во Битола на кој беше стандардизирана албанската азбукаа

Осврнувајќи се на употребата на албанскиот јазик, Исмет Рамадани за „Локално“ вели дека се уште не е постигната потребната цел во однос на обемот на употреба на јазикот во институциите, но и во делот на доследна институционална примена на јазикот според унифицираните јазични норми.

Исмет Рамадани

Исмет Рамадани

„Во некои институции не се применува албанскиот јазик и по се изгледа тоа зависи од вољата на првите луѓе. А во однос на квалитет мислам дека тоа е општа појава, дека не се зборува јазикот со тој стандард како унифициран албански јазик кој треба да го зборуваат посебно во медиумите, како и во непосредна комуникација на институционално ниво“, вели Рамадани

Тој дополнува дека во непосредната комуникација меѓу луѓето, како што е семејната комуникација, може да се толерира послободна употребата на дијалекти во албанскиот јзик, но нагласува дека „на институционално мора да се внимава дури и да се инсистира јазикот да се зборува со стандардите што се пропишани и унифицирани“.

Аналитичарот Мерсал Билјали за Локално коментира дека моментално пoстои само правна рамка во однос на службеното користење на албанскиот јазик по институциите,  но дека “далеку од тоа e дека функционално албанскиот јазик се користи во институциите на системот”.

“Главниот фактор е дека сеуште нема оперативен систем како да се користи тој јазик во институциите, оти и таму недостасуваат компетентни кадри кои стручно би биле вклучени во тој процес. Работата не е можно да се заврши само со јазичен преведувачи, колку и да се стручни тие, оти постои стручна терминологија која не им е доволно позната на преведувачите. Нели имаме економска, правна, еколошка. медицинска, техничка и технолошка терминологија која во повеќето случаи не е доволно позната од страна на преведувачите”,вели Билјали.

Toj  оценува дека треба да помине подолго време за да се постигне потребно  функционално ниво.Според него проблем е и што многу институции на централно ниво сеуште се  соочува со правописни недостаоци, доплнувајќи дека се потребни стручни кадри адекватни за областа. Наведува и други предизвици.

“Засега јазикот во некоја задоволна мера се користи повеќе кај органите на одделни единици на локалната самоуправа, како работа на службените органи, додека во централните институции сеште е делаку од тоа што треба. Од друга страна, често граѓаните самите писмено комуницираат само на македонски јазик, оти сеуште се мисли дека неговото барање можеби ќе биде одбиено ако се поднесува барање или претставка на албански јазик, или пак мисли дека предметот нема да му биде решен брзо, оти треба да се преведе и барањето и одговорот на барањето. Тоа одзема доста време. Но реално, кај сите други држави кои функционираат како нашава, тој процес се одвивал бавно, оти секако дека е доста комплициран. Но, како и да е, изгледа на луѓето поважно им е да постои јазикот како нивно право и не се многу оптретени со тоа по секоја цена веднаш да биде реализиран на нивен јазик”.

Љуљзим Хазири, граѓански активист, се согласува дека има проблеми во примена на албанскиот јазик и дека во институциите каде што се користат албанскиот јазик и азбука има примери дека тоа се прави недоследно на јазичните норми. Но за ова Хазири одговорноста ја гледа кај  раководителите  на институциите.

Љуљзим Хазири

Љуљзим Хазири

„Тие што се занимаваат со лингвистика велат дека јазикот не е доследно применуван според потребните стандарди. Од друга страна пак загрижувако е што е што на јазикот се уште се гледа како на пречка, а не како инструмент за зближување односно за социјална кохезија. Неговата употреба во институциите наспроти законската рамка која полека полека се формира се унапредува, но сепак останува на вољата на раководителите на интитуциите. Ако со една институција раководи Албанец, тој се грижи за примена на воспоставените стандарди, но со промена на раководство се случува новите раководители како да забораваат на оваа законска употреба на албанскиот јазик“, вели Хазири

Како и да е, во јавноста има укажувања дека и од институциите со кои раководат Албанци се испраќаат соопштенија со јазични грешки и дека има повеќе такви примери.

Институцијата што треба да ја казнува непримената и погрешната примена на албанскиот јазик е Инспекторатот за употреба на јазиците. Според извештајот за првите шест месеци од годинава, институцијата, според систематизација, треба да има 76 службеници, а има само 17 – што е едвај 20 отсто од потребниот кадар.

Инаку Хазири вели дека има и други проблеми кои може да се надминат и дека за тоа е потребно поголемо внимание од институциите.

Па така во време електронски комуникации, според него, инстуциите треба да бидат поактивни во комуникација со албанската заедница на веб страниците.

„Имаме веб сајтови на министерствата кои се едно јазични или се двојазични, во дел на инфорамациите на албанскиот јазик, сајтовите не се обновуваат со актуелни вести и информации туку ги има примарните информации за институцијата, посочи тој.

Инаку од 22 ноември 2007 година, континуирано, Денот на албанската азбука во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Во честитка се потврдува посветеноста на  Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество.

М.С.М.

Слични содржини