Ден на жалост во БиХ на 2-ри јануари поради трагичната смрт на осумте млади тинејџери

од Nikola Popovski

По веста за смртта на осум млади лица во Трибистово близу Посушје, што ја претвори црна цела БиХ на првиот ден од новата година, се одржа вонредна телефонска седница на Советот на министри на БиХ за прогласувањето на Ден на жалост. Државните министри едногласно одлучија да се прогласи Ден на жалост на 2 јануари (утре) поради смртта на четири девојчиња и четири момчиња на новогодишната ноќ.

Претходно, Ден на жалост беше прогласен од Владата на Федерацијата на БиХ. Изразувања на сочувство доаѓаат од сите делови на БиХ, но и од регионот.

Во трагедијата во Посужје загинаа осум млади луѓе на возраст од 18 до 19 години, кои се задушија со гас во викендица, каде ја славеа Новата година.

Потсетуваме, утрово околу 10 часот, припадниците на Полициската станица Посужје беа информирани дека се пронајдени неколку тела во викенд куќа во Трибистово кај Посушје.

Според медиумите во БиХ, викендашите од соседната викенд куќа први забележале дека нешто не е како што треба, и било чудно што никој не излегува надвор. Прво тропнале на вратата и бидејќи никој не одговорил, решиле да го скршат стаклото на прозорецот.

Слични содржини