ДЕН ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА: Цеца откри како се чувствува

од Nikola Popovski

Балканската фолк-sвезда Цеца Ражнатовиќ била вакцинирана вчера, на 23 април, против коронавирус, а сега, ден по вакцинацијата, открила како се чувствува и дали има несакани ефекти.

Ражнатовиќ вчера била вакцинирана на Белградскиот саем, со кинеската вакцина од компанијата Синофарм.

– Се чувствувам одлично, спиев како бебе (се смее) – кратко, но духовито изјавила Ражнатовиќ за српските медиуми, што очигледно укажува дека немала некои несакани ефекти.

– Верувам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира за да се заштити прво себе, а потоа и семејството и луѓето околу него. Бидејќи имав коронавирус, како што е познато, имав одредена количина антитела, па тоа го направив сега по совет на лекар. Мора да разбереме, здравствените работници вложуваат огромни напори да се грижат за нашите граѓани и никогаш не смееме да го заборавиме тоа. Мислам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обврска. Сакам да се вратиме во живот, да одржуваме концерти, да се радуваме и да се гушкаме! Ајде сите да се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо – апелирала Цеца.

Слични содржини