Ден пред отоврањето на ОИ, нови проблеми во Токио: Странските новинари се запрепастија: ‘Луѓето ќе пливаат таму?! Мириса на канализација! ‘

од desk4

Олимписките игри во Токио ќе останат запаметени по доцнењето и огромните организациски проблеми поради пандемијата, па дури и ден пред отворањето, неволјите не се завршени.

Властите во јапонската престолнина се соочија со извештаи во домашни и странски медиуми дека се шири страшна смрдеа низ заливот Токио, во областа на морскиот парк Одаиба каде ќе се одржи дел од натпреварите во спортови на вода. Некои медиуми отидоа толку далеку што го преименуваа заливот Токио во – Смрдлив залив.

Бидејќи квалитетот на водата во заливот е долгорочен проблем – паратриатлонот беше откажан во 2019 година поради високите нивоа на бактерии Е.коли – загриженоста за здравјето на конкурентите е голема.

Организаторите и локалните власти упорно ги демантираат извештаите дека местата за маратон и триатлон „мирисаат на тоалети“.

Новинарите на АФП прошетаа низ паркот Одаиба и разговараа со експертите и сега со жителите кои живеат во близина.

– Нема лош мирис – изјави за АФП Шигеру Еономото, кој живее во близина на паркот и се занимава со квалитет на вода – Но, лошо е кога врне дожд затоа што има излевање вода од канализацијата.

Сите жители со кои разговараа новинарите имаа сличен одговор – ништо не им смрди.

Новинарите исто така велат дека не доживеале никакви непријатни мирисни сензации во последните неколку дена, но додаваат и дека не можат да се приближат до самиот брег затоа што е заграден поради претстојните натпревари.

Организаторите на 23-те Олимписки игри велат дека поставиле трислојни бариери кои треба да спречат Е. Коли да влезе во заливските води по дождот, истовремено стабилизирајќи ја температурата на водата. Временската прогноза вели дека точно на време за финалето во триатлон следната недела, може да има дожд.

Исто така, водата ќе се тестира двапати на ден.

Слични содржини