Дендиас: Да не се даваат погрешни изјави што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ

од Vladimir Zorba

Во интерес на Северна Македонија е да има добри односи со Грција, како што секако важи и обратното. Ова го диктираат геополитичките услови во регионот и ова треба да претставува заедничка цел на двете земји, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендис во интервјуто за весникот „Реалњуз“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја изразува поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови и додава дека се надева на одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.

– Но, основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на одредбите и духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Дека во самиот договор постојат проблематични точки, е познато, а Нова демократија, тогаш како опозиција, навремено го изрази нејзиното спротивставување за конкретните членови. Но, Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин. Иако се направени доста чекори во оваа насока, сепак постои многу простор за подобрување како од јавните, така и од приватните ентитети, вели Дендиас.

Тој додава дека не треба да се даваат погрешни изјави „што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ“, бидејќи таквите изјави „не помагаат во подобрувањето на климата во билатералните односи и сигурно не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“.

Слични содржини