Дендиас: Однесувањето на Турција е контрапродуктивно и ја турка кон изолација

од Vladimir Zorba

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас ги критикуваше активностите на Турција во Црното Море и Источниот Медитеран, велејќи дека тоа ја води Анкара во меѓународна изолација, објави весникот „Катимерини“.

„Разговаравме за нелегалните активности на Турција, кои не се ограничени на ексклузивната економска зона на Кипар“, им рече министерот на новинарите на заедничката прес-конференција со неговиот кипарски колега, Никос Христодулидес.

„Турција треба да разбере дека ваквото однесување е контрапродуктивно и ја турка кон изолација“, додаде тој, истакнувајќи дека со Христодулидес разговарале за случувањата во Либија, Ирак, кипарското прашање и билатералната координација на меѓународно ниво.

Тој повтори дека меморандумот потпишан меѓу Турција и Либија е неважечки и дополнително ќе ја дестабилизира Либија и поширокиот регион, додавајќи дека е важно за Грција државите во регионот да ја признае незаконитоста на овој договор.

Поради оваа причина, Дендиас рече дека ќе разговара за ова прашање при идните посети на Алжир, Мароко и Тунис.

Христодулидес, од своја страна, рече дека евентуалниот прекин на огнот во Либија ќе биде позитивен чекор, истакнувајќи дека Турција е делумно одговорна за ситуацијата во земјата.

Слични содржини