Дендијас: Грција ја следи политичката криза во Македонија, очекуваме доследно спроведување на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Грција внимателно го следи развојот на политичката криза во Македонија, со надеж дека ќе го продолжи европскиот курс на земјата.

„Целосно, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа“, порачал грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас.

Според првиот грчки дипломат, балканските земји не треба да дозволат враќање на своето „балканско минато“, туку да останат посветени на својот европски курс.

Грчката влада избегнува да ги коментира внатрешно-политичките случувања во Македонија.

-Атина очекува продолжување на соработката во сите области со која било влада, изјави министерот Дендијас за грчките медиуми.

Атина целосно ја поддржува интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, но го следи почитувањето на сите услови од Преспанскиот договор.

Слични содржини