Дендијас на средба со Димитров ја потврди поддршката на С. Македонија за почеток на преговорите

од Andreja Salpe

денеска во Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен фокус на средбата беше ставен на значењето на отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како за регионот, така и за кредибилитетот на Унијата на Балканот.

-Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа, рече Димитров:

Грчкиот министер Дендиас, се наведува, истакна дека Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија.

Слични содржини