Денес е првиот ден на есента: Знаевте ли дека влијае на зголемување на тежината?

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот ден на есента го означува есенската рамноденица, која годинава започнува на овој ден во 14:30 часот и ќе трае до 21 декември во 11:02 часот, според опсерваторијата во Загреб.

Есенската рамноденица е моментот кога сончевите зраци паѓаат вертикално на екваторот, а може да се појави во кое било време помеѓу 22 и 24 септември. Тогаш Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа на запад.

Еден од интересните факти за есента е тоа дека влијае на зголемување на телесната тежина кое не е поврзано со храната. Истражувачите откриле дека недостаток на витаминот Д го намалува разградувањето на маснотиите и предизвикува складирање на маснотии. Значи, недостатокот на сончева светлина има врска со здебелувањето, според OneCountry.

Исто така, наесен повеќе луѓе отколку во кое било друго годишно време започнуваат врска.

Иако нема научно објаснување зошто е тоа така, во студените месеци се зачнуваат повеќе деца отколку во кое било друго годишно време.

 

 

Слични содржини