Денес средба на Симовски со Државниот врв во Собранието

Државниот врв, заедно со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски ќе оддржи средба во Собранието, чија тема ќе биде спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Предвидено е на оваа средба да присуствуваат: претседателот на земјава, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Инаку тимот од Државниот завод за статистика ќе ги информира претставниците на локалните самоуправи за тоа кои се нивни задолженија кои се предвидени со Законот за попис. Меѓудругото ќе има и сесија на која ќе бидат поставени прашања.

За потсетување, според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.

 

Слични содржини