Денеска ќе се знае дали во земјава „пристигнал“ сојот Кракен

од Nikola Popovski

До денес најверојатно ќе се знае дали во земјава има заболени од новиот сој на коронавирусот – кракен. Ова вчера го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

Денеска се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.

-Во моментов во тек е нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и кракен варијантата, кажа вчера д-р Петличковски за Тв Сител.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.

Според досега познатите податоци во врска со новата кракен варијанта на омикрон, Петличковски вели дека се работи за варијанта која предизвикува благи симптоми. Затоа, како што рече, не се очекува драстично да го оптовари здравствениот систем.

Од соседството единствено е потврден во Грција. Кракен за прв пат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се проширил во Америка, но и во 30 други земји, главно во Европа.

Слични содржини