Денеска е меѓународниот ден на газдата

од Vladimir Zorba
72 прегледи

За Македонците 16 октомври секогаш ќе биде поврзан со загубата на најпопуларниот поп пејач и уметник, Тоше Проевски.

Неколку, а сепак различни поводи за славење имаат луѓето од целиот свет на денешниот 16-ти октомври. За среќа е и петок, па кој и празник да се слави денес, ќе има двоен повод.4456499

Од 1945 година на 16 октомври светот го смета за Меѓународниот ден на храната. Тој се забележува по одлука на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Нејзината главна цел е искоренување на гладот ​​во светот и создавање на услови за одржливо земјоделство, што би можело да го прехрани населението во светот.

Денес е и Меѓународниот ден на анестезиологот. Денот се одбележува по повод првата јавна демонстрација за поднесување на наркоза при операција во 1846 година.

На другиот крај на светот, пак, во Чиле го прославуваат Денот на наставникот. Датумот е избран во 1977 година, поради формирањето на наставничкиот колеџ на земјата.

И уште еден интересен повод за прослава денес, на 16 октомври се одбележува Меѓународниот ден на шефот. Датумот е прифатен за официјален во САД од 1958 година. Почетокот на овој празник го означила секретарката во осигурителна компанија Патриција Хароски. Во 1962 година, денот станува официјален празник одобрен од гувернерот на Илиноис.

Меѓународниот ден на газдата денес се слави во Австралија, Индија, Јужна Африка, Ирска и Велика Британија. Во Индија на овој ден шефовите им подаруваат подароци на вработените, а Американците му заблагодаруваат на началникот за она што го научиле од него и дека ги поддржува. Остануваат 76 денови до крајот на годината.