Денеска и утре во Македонија уписи во средните училишта

од Vladimir Zorba
 Слободни места во сите средни училишта во земјава,има за 24.915 ученици. 
Полуматурантите ќе може да остават документи и утре, а резултатите ќе бидат објавени на 20 јуни.
Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување и запишување на ученици на 28 јуни, а резултатите и слободните места ќе се објават наредниот ден.
За учениците што се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во август. Бројот на поени потребни за запишување во средно училиште останува ист како и досега.
За гимназиско образование се предвидени 10.985 места, додека за средно стручно има 24.358 слободни места. Максималниот број поени останува ист како изминатите години и е 80 по сите основи, како што се успехот, оценките од предметите битни за струката, за поведение и за први места на натпреварите. За гимназиско образование се потребни минимум 60 поени, за стручните, пак, се движат од 70 за здравствената, за економско, правна и трговска 60, за дел од профилите во сообраќајната и електротехничка од 50 до 60 поени, а за сите останати образовни профили 45.
Во Конкурсот објавен од Министерството за образование и наука се наведени потребните документи за упис и поените што се потребни за запишување во секое училиште.

Слични содржини