Денеска пристигнува пратка со 100.000 кинески вакцини

од Andreja Salpe

Денеска во земјава се очекува да пристигнат сто илјади кинески вакцини „Синофарм“, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина.

Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор  Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.

На крајот на минатиот месец во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.

Слични содржини