Денеска регистриран двоцифрен број на новозаразени со Ковид 19, нема починати лица

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19:

• Тетово – 11
• Скопје и Куманово – по 3
• Струга -2
• Гостивар и Штип – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од:

• Скопје и Куманово – по 2
• Битола, Тетово и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197

Слични содржини