Денеска се гласа за доверба на Џонсон, може да биде сменет од премиерската функција

од Stefanija Kuzmanovska

Конзервативните британски пратеници денеска од 19 до 21 часот ќе одржат гласање за доверба на Борис Џонсон. Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова замена.

Најмалку 54 конзервативни пратеници побараа гласање за доверба. За гласање недоверба ќе биде потребно мнозинство, или најмалку 180 конзервативни пратеници, против него, пишува Би-Би-Си.

Бројни конзервативци изразија загриженост за тоа дали Џонсон (57) би можел да продолжи да владее со Велика Британија, која се соочува со ризик од рецесија, раст на цените на горивото и храната, а во моментов поради штрајкот во сообраќајот во Лондон.

Џонсон неодамна беше на удар на критики за кршење на мерките за време на пандемијата на Ковид 19.

Најмалку 54 конзервативни членови на парламентот мора формално да поднесат барање до претседателот на Комитетот на партијата од 1922 година, Греам Брејди, за гласање за доверба за да биде иницирано.

Писмата се доверливи, па колку всушност биле доставени знае само претседателот на пратеничката група.

Слични содржини