Денеска се пали оганот за Зимските олимписки игри во Пекинг

од Vladimir Zorba

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година, ќе биде запален денеска на античкиот стадион во грчката Олимпија, пренесе Танјуг.

Како што беше објавено, пламените јазици ќе бидат запалени без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирусот, како што беше случајот со Летните олимписки игри во Токио.

Церемонијата ќе се одржи пред ограничен број членови на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како и претставници на Олимписките комитети на Грција и Кина.

Поради драстичните мерки што се на сила во Кина, Олимпискиот комитет на Грција одлучи патот на олимпискиот факел да биде пократок од порано.

Слични содржини