Еден ден до распуштањето на парламентот, и исто толку време за конечност на одлуката да има или не избори на 24. април  Меѓународната заедница  преку соопштението на амбасадорот Џес Бејли едногласно препорача да не се оди на избори на 24 април, во услови кога не се исполнети стандардите за организирање фер и демократски избори.

грујо и бмро

Оваа одлука на гаранторите на договорот од Пржино, Бејли и Орав,  ја закова и еврокомесарот за проширување Јоханес  Хан,главниот арбитер на договорот од Пржино . Хан на твитер напиша дека квалитетот на изборите е поважен од датумот кога ќе се одржи. Хан ова го напиша веднаш откако амбасадорите на САД и ЕУ во Скопје објавија дека ги нема неопходните услови за организирање кредибилни избори на 24 април.

han_twitter

Комесарот Хан исто така на твитер го објави и писмото кое му беше доставено на премиерот Емил Димитриев и на лидерите на политичките партии.
сооп сад

 ВМРО ДПМНЕ по се изгледа нема намера да го прифати одлагањето. Најпрво Никола Груевски го одлагаше соопштувањето на   оваа одлука  за да подоцна во текот на вчерашниот ден неговиот гласноговорник   Илија Димовски, и на пресс и потоа со  соопштението упати јасна порака  дека не  и остава простор на меѓународната  таа да решава  туку ДИК да се изјасни . Тие исто така го прогласија за персона нон грата и олеснувачот Питер Ванхауте, и рекоа дека со него не седнуваат на заедничка преговарачка маса

ВМРО ДПМНЕ ја прекинува соработката со посредникот Ван Хауте

Чекајќи  го големото ДА или НЕ, течат и сериозни и големи политички пазарења на политичката сцена помеѓу сите партии големи и мали да се биде на едната или другата страна, дознава Локално од партиски извори на двете страни.мкд знаме

Власта се пребројува со сите околу себе, од челниците, раководството, до коалицијата,  до секој пратеник кој може да значи мнозинство за гласање во парламентот. Тоа сега е особено важно, дали и натаму ќе ги има. На сè тоа притиска Никола Груевски по престојот на Али Ахмети во  амбасадорската глува соба, и ставот дека тие единствено сигурно се на страната на меѓународната заедница. А тоа значи дека се против ВМРО ДПМНЕ. Изгледа се губи мнозинството и  во парламентот. Никола Груевски одби да седне да слуша и преговара со останатите од големата четворка, и сè уште го убедуваат да седне и да разговара, и да го прифати соопштувањето на одлуката на САД и ЕУ за проценката да не(и)ма избори  на 24 април,  туку тогаш кога ќе се обезбедат целосни и кредибилни избори.

Власта сега бара да влезе и во ДИК. Тие би правеле отворена јавна седница на која, замислете, во оваа тело  би им се придодале и  нови партиски членови од власта и другите, за  да ги „опраеле“! Да влезе во сила  аргументот  ВИКАЈ- притискај !?  Големо е прашањето -па нели   работата на  ДИК е независна,  и не  ја диктираа партиите, и има доволно партиски претставници а балансот  го прават  експертите!?

Еве вака власта ќе обезбеди легалитет за изборите на 24 април !!!

И додека   ВМРО ДПМНЕ се јасни и  на прес официјално изјавија  дека не гледаат зошто да не  се одржат изборите на 24 април, со други зборови тие не прифакаат одлагање, сите останати мислат поинаку и СДСМ,  и ДУИ не откажува, ниту ДПА , ниту помалите парламентарни партии, ниту пак сега движењата -партии  во најава или  Албанците кои се со  Села, Острени и Беса – никој не е за избори на 24  април.

СДСМ порача дека власта мора да се соочи со реалноста и нема отстапување од фер услови за фер избори.заев к

Отидоа изборите за 24 април

Но,  Ако до утре не се преиначи одлуката за распуштање на парламентот, тоа ќе значи дека избори сепак во април ќе има.

Парламентот работи уште денес и утре и на дневен ред закачија 70 закони,  утре е последен рок за пратениците да ја сменат одлуката за распуштање, во спротивно таа стапува на сила следниот ден.

Простор за многу договарање и маневар нема. Во актуелните пребојувања со ДУИ и ДПА и дел од колиционерите на Груевски сега има нова бројка, ново мнозинство,   мала парламентарна надмоќ на противниците на 24 априли и на ВМРО ДПМНЕ. Дали тоа ќе значи  мобилизација на протестантите  и демострации на отпор кон странците  и опозицијата од „војската“ на ВМРО ДПМНЕ, допрва ќе се види.

Нема време за молчење, НАРОД

Денес или утре ВМРО ДПМНЕ ќе го каже своето.Едно е сигурно овојпат ја загуби целосно поддршката од САД  и ЕУ, и тоа не дека не го знаеја или очекуваа. Сега е на ред планот Б на власта. Веројатно тоа ќе биде народот кој постојано го прозиваат во последниве месеци. Како и да е,  решението навистина е во  народот, во гласањето, во денот на изборите- само уште да се утврди датумот.

Ад

Слични содржини