Денидас и Захариева во дискусија за европските перспективи за земјите од Западен Балкан

Перспективата за европски интеграции на земјите од Западен Балкан беше тема на разговорите помеѓу шефовите на Грчката и Бугарската дипломатија, Никос Денидас и Екатерина Захариева.

Во пресрет на ЕУ Самитот кој се очекува да се случи следната недела, грчкиот министер за надворешни работи со денови извршува континуирани разговори со своите колеги.

„Телефонски разговарав со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева пред ЕУ Самитот. Имавме детална дискусија за последните случувања на Истокот од Медитеранот, но и за поширокиот регион. Во фокусот исто така беше и Европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, посочи Денидас на својот Твитер профил.

Слични содржини