Деноноќно се следи состојбата во градинките, вели Шахпаска

од Берта Китинска

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска информира дека од Министерството деноноќно се следи здравствената состојба како на дечињата, така и на вработените во градинките.

-Се прават анализи дали има отстапувања и согласно препораките се решава кои градинки или групи треба да бидат затворени и кои лица треба да бидат отстранети од процесот на работа.Од самиот ден на отворање на 311 објекти ние сме во тек и ја следиме состојбата на вработените. Имавме градинки кои не стартуваа со работа заради позитивен вработен градинката во Свети Николе. Како што се појавуваа позитивни случаи, така според насоките од епидемиолозите се отстранува од работата тие вработени. Се работи пред сè за персонал кој е вработен во градинките. Имавме и случаи кога неколку дечиња кои заради контакти или од дома, биле позитивни. Будно ја следиме нивната здравствена состојба и на сиот персонал кој бил на некој начин во контакт. Значи засега само еден воспитувач е хоспитализиран, со оглед на тоа што имал и други хронични состојби, рече Шахпаска.

Таа апелираше на почитување на мерките, држење растојание од еден и пол до два метри, често миење идезинфекција на рацете и површините. Во врска со барањата за продолжување на породилното боледување на мајките, таа нагласи дека во Владата се правени анализи и врз основа на нив е донесен заклучок дека мајките кои се на продолжено породилно боледување потребно е да се вратат на своите работни места.

Слични содржини