„Денот Д“ е 15 јуни: Дали дотогаш Европа целосно ќе ги отвори своите граници?

од Nikola Popovski

Италија претходно објави дека ќе ги отвори границите за пристигнувањата од земјите на ЕУ и Шенген, на 3 јуни.

Италијанската влада преговара со земјите од Европската унија за започнување на европскиот туризам на 15 јуни и отфрлање на таканаречените туристички коридори, што ја исклучуваат можноста за запирање во одредени земји, рече шефот на дипломатијата на таа земја, Луиџи ди Мајо.

„Тоа ќе биде, на некој начин, европски Ден. Германија се обидува да ги отвори своите граници на 15 јуни и ги советува граѓаните да одат на одмор во други земји во Европа, ние работиме на тоа со Австрија, а преговараме и со другите земји во ЕУ“, рече Ди Мајо за телевизија „Раи 1“.

Италијанскиот министер се надева дека Италијанците ќе можат да ги поминат своите лета низ цела Италија, но истакнал дека се неопходни и странските туристи, особено „Германците, кои претставуваат многу важен дел“.

Слични содржини