Денот нека не ви започнува без оваа намирница за здрав појадок

Unsplash

Сите знаеме дека доручекот е најважниот оброк во денот бидејќи ни дава енергија за сите активности кои ќе ги правиме во текот на денот.

Луѓето кои ја одржуваат здравата тежина без диети и одрекувања, токму за појадок бираат одредени намирници.

Финските научници од „VTI Technical Reaserch Center“ ги проучувале навиките за исхрана на 147 здрави личности со здрава килажа во текот на четири месеци и дошле до откриетие дека денот го започнуваат вака: 52% од испитаниците за појадок јадат овошје, 41% од нив консумираат млечни производи, додека 33% од нив бира жиратки.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32% од испитаниците го започнуваат својот ден со овој вид на храна.

Само 26% од испитаниците признале дека за појадок обавезно пијат кафе, додека остатокот, 74% одат на работа и ги извршуваат своите задачи без кофеинска помош.

– Наместо ограничување на исхраната и одбегнување на омилената храна, дебелината може да се спречи доколку научиме да го слушаме својот организам и предност да му дадеме на квалитетот, а не на кванитетот на оброкот – вели авторот на истражувањето Ана – Лена Вуоринен.

Слични содржини