Деп ја продолжува својата музичка кариера, објави албум

од Vladimir Zorba

Не долго по неговото контроверзно судење за клевета, американскиот актер Џони Деп во петокот објави албум со англискиот рокер Џеф Бек, означувајќи го продолжувањето на неговата креативна кариера.

Албумот „18“, на кој Деп пее и свири на гитара, содржи 13 песни, претежно преработки на друга музика, и досега беше наголемо критикуван, а веројатно нема да има значајна улога на репертоарот на Бек, 78-годишниот поранешен член на The Yardbirds.

Албумот вклучува „кавери“ на „What’s Going On“ од Марвин Геј, „Isolation“ од Џон Ленон и „Venus In Furs“ од Velvet Underground итн.

Одлуката да се вклучи песната „Velvet In Furs“, која се занимава со садомазохизам, за некои може да изгледа бизарно, со оглед на сензационалното судење во центарот на наводното семејно насилство меѓу Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, актерка позната по нејзината улога во „ Аквамен“.

На албумот се наоѓаат и песните „This is a Song for Miss Hedy Lamarr“ и „Sad Motherfuckin’ Parade“, напишани од Деп, 59-годишната ѕвезда од филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“.

Деп и Бек се запознале во 2016 година и станале пријатели „по линија“ автомобили и гитари, пред Бек да ги оцени, како што рече, „сериозните вештини за пишување и музиката на Деп“.

Тие почнаа да работат на овој албум во 2019 година.

Сепак, не е првпат Деп да се занимава со музика. Повеќе од десет години снимаше песни и одеше на турнеи со бендот „Холивудски вампири“, кој го основа со музичарите Алис Купер и Џо Пери.

Бек моментално е на турнеја низ Европа со Деп како специјален гостин.

Слични содржини