Деп потпиша милионски договор со компанијата која го поддржа за време на судењето (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Џони Деп потпиша договор со модната куќа „Диор“ и стана заштитно лице на нивниот машки парфем „Sauvage“.

Ова не е прв пат Деп да соработува со оваа модна куќа.

Првиот договор со „Диор“ Деп го потпиша уште во 2017 година, кога беше заштитно лице на колонска вода, а сега договорот е обновен.

Извор близок до овој моден бренд тврди дека, кога е во прашање новата соработка, склучен е повеќегодишен договор вреден „седум цифри“, односно најмалку милион долари, како што пренесува TMZ.

Официјалната страница на Инстаграм на „Dior Beauty“ објави фотографии и видеа од Деп зад сцената на еден од неговите концерти во Париз, снимени од познатиот снимател Грег Вилијамс.

Кога Деп првпат потпиша договор со „Диор“ во 2017 година, овој парфем стана најпродаваниот парфем во светот, според страницата „Business of Fashion“.

Исто така, „Диор“ застана покрај актерот додека тој минуваше низ судењето во случајот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го обвини за злоупотреба.

Слични содржини