Депај израмни рекорд на Клајверт

од Vladimir Zorba

Холандскиот репрезентативец и крило на Барселона, Мемфис Депај синоќа го израмни рекордот на легендарниот Патрик Клајверт против Турција.

Холанѓаните синоќа ја декласираа Турција со 6-1, а Мемфис постигна дури три гола, а запиша и една асистенција.

Со овие три гола, Депај ја достигна бројката од 12 постигнати голови во календарската 2021 година, со што го израмни рекордот на легендарниот Патрик Клајверт, кој стигна до таа бројка во 2000 година.

Мемфис на тој начин го остави зад себе Хунтелар, кој постигна 11 гола во дресот на „портокаловите“ во 2010 година, а Робин ван Перси постигна 10 гола три години подоцна.

27-годишниот фудбалер ќе има можност да го собори рекордот на Клајверт за еден месец кога Холандија ќе гостува во Летонија.

Депај досега играше за Холандија 70 пати и постигна 30 гола.

Слични содржини